Синди Крафорд не ја одобрува врската на 18-годишната ќерка

Контроверзниот комичар Пит Дејвидсон се прославо во популарното шоу „Saturday Night Live“, а медиумите често ги „полни“ со својот бурен љубовен живот. Однеодамна е во врска со 18-годишната Каја Гербер, ќерка на славната Синди Крафорд, кој не ја поддржува нивната врска, пишува магазинот People.

Супермоделот од 90 и нејизниот сопруг, Ранде Гербер, од почеток не и придавале важност на претераната поврзаност во оваа врска, но откако Каја се одселила и започнала да живее со Пит во Њујорк, се загрижиле и започнале да ги раздвојуваат на секој можен начин.

Така, фоторепортерите забележале инцидент на Менхетен, кога видно изнервираните родители дошле по ќерката во Њујорк, а напнатата атмосфера меѓу Синди и тинејџерката не се смирувала ниту на аеродромот.

Ренди и Синди не се баш љубители на неуредниот живот на Дејвидсон, ниту на пороците кои го држат и сметаат дека тој многу лошо влијае врз 18-годишната Каја.

Слични содржини