Синер: Сега Ролан Гарос е мојата главна цел

од Симе Стоиков

Јаник Синер експресно, по кратка пауза во Индијан Велс, продолжи да ита по тениските терени. Италијанецот во Мајами ја освои третата титула оваа година и веднаш ги зголеми амбициите.

– Сега Ролан Гарос е мојата главна цел – потенцираше по убедливиот триумф против Григор Димитров со 6:3, 6:1.

Иако досега немаше голем успех на земјена подлога – од 12 титули освои само една на оваа подлога, и тоа на не многу силен турнир во Умаг – тој е убеден дека има шанси.

-Од четврток почнувам да се подготвувам за Монте Карло, кој ќе ми биде прв турнир на земјена подлога – посочува Синер, кој по трофејот на Мајами за првпат е на втората позиција на светската ранг листа.

Сепак, не е само парискиот Грен слем важен на земјена подлога за победникот на Австралија опен.

– Пред Ролан Гарос е Рим, а тоа е многу посебен турнир за мене. Секогаш е неверојатно да се игра пред домашната публика. Мислам дека се подобрив многу во последната година и можам да направам уште подобро. Физички сум сосема поинаков.

Слични содржини