Сингапур: Погубен маж осуден за продажба на канабис

од Stefanija Kuzmanovska

Во Сингапур денеска беше погубен маж осуден за трговија со дрога и покрај молбите на неговите роднини и активисти да биде помилуван.

Тангараџу Супија (46) е осуден за продажба на повеќе од еден килограм канабис во 2013 година, објави „Ројтерс“.

Британскиот милијардер Ричард Бренсон, познат противник на смртната казна, рече дека пресудата против Супија не ги исполнила критериумите за кривична пресуда бидејќи тој не бил во близина на дрогата кога бил уапсен.

Слични содржини