Сирија: Над 300 илјади цивили се раселија поради турската офанзива

од desk2

Повеќе од 300.000 лица се раселени од почетокот на турската акција против Курдите во североисточна Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон.

Директорот на невладината организација, Рами Абдел Рахман, рече дека најголем број луѓе морале да избегаат од провинциите Хасака, Алепо и Рака. Голем број од бегалците спиејат кај роднини, но останатите престојуваат на отворено. Околу 40 училишта во провинцијата Хасака се претворени во прифатни центри.

Во меѓувреме, турското Министерство за одбрана соопшти дека неутрализирале 673 членови на курдските формации од почетокот на операцијата. На 9 октомври, Турција ја започна офанзивата „Извор на мирот“ против курдската милиција во Сирија.

Слични содржини