Сите три деца на Гризман родени на ист ден

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот репрезентативец и играч на Барселона, Антоан Гризман денес стана татко по трет пат.

Она што е интересно е дека неговото трето дете се роди на истиот датум – 8 април, исто како и првите две.

Гризман го доби своето прво дете на 8 април 2016 година, кога неговата сопруга Ерика ја донесе на светот ќерката Миа.

Точно три години подоцна, пристигна синот Амаро, а денес се роди неговата втора ќерка Алба.

Слични содржини