Скандал во НБА: Ирвинг покажа среден прст, па ги навредуваше навивачите (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во центарот на вниманието на првиот натпревар од НБА плејофот помеѓу Бостон и Бруклин беше Кајри Ирвинг.

Ирвинг одигра одличен меч, но имаше и испад против навивачите на Селтикс. Во неколку наврати за време на натпреварот во „ТД Гарден“ тој покажа среден прст кон приврзаниците на Бостон.

Во текот на целиот натпревар домашните навивачи му довикуваа и го исвиркаа, а тој реши непримерно да одговори на таквиот пречек.

– Види, од каде што јас доаѓам, навикнат сум на ова. Нема ништо ново овде кога ќе дојдам во салата, знам како ќе изгледа сето тоа. Тоа е истата енергија, тоа што ми подготвиле, во иста мера им враќам, изјави Кајри Ирвинг и додаде:

– Не се работи за секој навивач на Бостон. Не сакам да ги напаѓам сите, но кога некој ќе те пцуе и навредува, немаш друг избор освен да ги разбереш овие работи на сосема натпреварувачки начин. Од нас се очекува да бидеме љубезни и толерантни. Тоа е плеј-офот“.

Кајри синоќа постигна 39 поени, од кои 18 во последната четвртина, но неговиот тим загуби, а фокусот се префрли на неспортските работи.

Ова беше првпат Кајри Ирвинг да биде поразен во првиот меч од плеј-офот, а следниот меч меѓу Нетс и Селтикс ќе се игра ноќта меѓу среда и четврток, со почеток од еден час по полноќ по средноевропско време.

Слични содржини