Скандалозна сцена: Хулигани во Љубљана избркаа поранешен играч на Ливерпул (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Скандалозни сцени беа видени во Љубљана за време на промоцијата на наследникот на Роберто Просинечно на клупата на Олимпија, Шпанецот Алберто Ријера.

Ријера требаше да ја добие првата самостојна работа во кариерата, бидејќи претходно работеше како асистент во турски Галатасарај.

Сепак, наиде на „непријатност“, бидејќи на конференцијата упаднаа хулигани и директно во лице, но со фантомки во боите на клубот, му порачаа на Шпанецот веднаш да го напушти клубот.

Тој стана и си замина, но прашање е дали ќе остане на местото на тренер.

„Никогаш во животот не сум го видел она што го видов во Словенија, а тоа е навивачите да влезат во медиумска сала. Ја напуштив медиумската конференција затоа што немаше повеќе спортски прашања. Добив многу пораки од пријатели и познаници од Шпанија, но јас морам да кажам дека не се исплашив во ниту еден момент“, изјави Ријера за „Марка“ и додаде:

„Не се жалат тие од мене, изгледа се лути поради отказот што го доби Роберт Просинечки. Се жалат на управата на клубот и на претседателот, а јас немам ништо со тоа“.

Ријера во својата кариера меѓу другите клубови настапуваше за Манчестер Сити и Ливерпул, а кариерата ја заврши во 2016 година во словенечки Копер.

Да потсетиме, Просинечки пред два дена остро зборуваше за раководството на Олимпија.

„Во фудбалот сум долги години и никогаш во животот не сум работел со такви измамници и лажговци. Начинот на кој го водат клубот е апсурден, дури ни Алфред Хичкок немаше да режира вакво нешто“, рече меѓу другото Просинечки.

Слични содржини