Актуелно
Почетна / Слајдер / Скопјанец грабнат и малтретиран за заем од 4.000 евра

Скопјанец грабнат и малтретиран за заем од 4.000 евра

Скопјанец и охриѓанец се сомничат дека извршиле кривично дело „самовластие“ врз 65-годишен скопјанец кој од нив позајмил 4.000 евра. Кривичната пријава е поднесена против П.Р. (33) од Охрид и М.А. (31) од Скопје.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 65-годишниот В.П. зел 4.000 евра од двете лица за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи тој не го ставил станот како залог, а не можел да ги врати позајмените пари, на 29 мај околу 10 часот во близина на зградата каде живеел, бил пресретнат од двајцата и однесен во паркот Гази Баба каде околу час и половина бил малтретиран. Потоа бил однесен во неговиот стан каде продолжило физичкото малтретирање и заканите по неговиот живот и животот на неговото семејство.

На повредениот му се констатирани повреди од страна на лекар од ГОБ „Наум Охридски“.

По пријавувањето на настанот, М.А. сам се пријавил во полициска станица, а за П.Р. е распишана централна потерница.

loading...