Скопјанец почина откако му се слошило по сообраќајна незгода

од Берта Китинска

Вчера околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје.

По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“  Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини