Скопјанка удрена од автомобил на „Рузвелтова“

од Nikola Popovski

Денеска во 09.00 часот се случил инцидент во сообраќајот на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“ во Скопје.

Според СВР Скопје, патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Г.(24) од Скопје, удрило во К.Р.(40) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Р., констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини