Во центарот на Скопје на огромен билборд се појави натпис против “Српската асимилација на македонската нација“.  Натписот е на бела позадина со црвени букви, пишуваат денеска повеќе бугарски медиуми.

Според рекламната агенција “Акцент” Билборд е поставен по барање на малата партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски ВМРО-Народна.

Веднаш по поставувањето на натписот прв реагираа од “Демократската партија на Србите” во земјата, барајќи итно тргање  на натписите, бидејќи тие повикувале на етничко насилство.

Билборд стана повод за нови напади врз Бугарија, бидејќи бил поставен од “Бугаринот” Љубчо Георгиевски, како пишуваат некои просрпски  македонски медиуми / Георгиевски има бугарски пасош /.

Бугарските медиуми анализираат  дека пред неколку дена во интервју Георгиевски изјавил дека курсот на Македонија цврсто е насочен кон Белград и токму Србија  ги одредува активностите на македонската политичка елита.

Кампањата „Стоп за српската асимилација на македонската нација“ се одвива преку билборди, поставени низ Скопје, а втората кампања „Сакаме да слушаме македонска музика, а не српски кич“ е презентирана преку „Фејсбук“-информираат од ВМРО- НП.

„Со оглед дека најголем дел од провладините медиуми и портали се обидуваат да го пренасочат јавното мислење дека оваа кампања е против српското малцинство во Македонија, сакаме да дадеме дополнително објаснување, за сите оние кои сакаат да ја искриват целта на нашата кампања или поради интелектуални попречености не можат доволно да ја разберат. ВМРО-Народна партија нема ништо против српскиот народ во Србија, а уште помалку против српското малцинство што живее рамноправно со останатите малцинства во Р.Македонија. Оваа кампања на ВМРО-Народна партија е директно, јасно и недвосмислено насочена против македонските србомани во составот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои во последните години преку својата геополитичка стратегија за Балканот, преку своите медиуми и со целата културна и музичка програма, го загрозуваат и систематски го разоруваат македонскиот национален идентитет“, стои во соопштението.

 

Слични содржини