Скриен адут го сврти Ф1 шампионатот во корист на Мерцедес

од Vlatko K

Последните победи на Луис Хамилтон му донесоа признанија и многу позитивни коментари од сите аналитичари, но во сенка остана едно клучно подобрување во болидот на Мерцедес, што го сврте шампионатот во нивна полза.

Пред победничката серија на Луис во тимот на Мерцедес имаа сериозни проблеми со високата температура на задните гуми, која не му дозволуваше да го искористи максимумот на нивните можности, онолку колку што беше можно за неговиот главен конкурент од Ферари – Себастијан Фетел.

Хамилтон триумфираше во Германија и Унгарија, но неговите победи се должат повеќе на грешките на Ферари и Фетел. Во тимот на Мерцедес многу добро го знаеја тоа и не запираа да бараат начин на кој да одговорат на брзината, која можеше да ја одржува Себастијан во тркачко темпо.

Првата промена дојде на Големата награда на Белгија, каде што Британецот остана втор, но на „Спа“ беше тестиран само новиот дизајн на бензинот. Целокупниот пакет беше завршен со воведувањето на целосно нов дизајн на деловите за ладење на задните кочни дискови. Отстранувањето на нивната температура, исто така, доведе до елиминација на прегревање на гумите. Способноста да се одржи стабилна голема брзина дојде веднаш и директно беше преточена во победи во следните две трки во Италија и Сингапур.

Хамилтон ги искористи на најдобар можен начин подобрувањата на „Монца“ и „Марина Беј“ и целосно заслужува да води со 40 поени пред единствениот конкурент за титулата Фетел. Британецот, сепак немаше да може удобно да го диктира темпото од стартот до финишот во двете тешки за Мерцедес трки, ако задните гуми му се прегреваа, како што се случуваше порано во сезоната.
Брзата реакција на инженерите во Мерцедес на проблемот го сврте шампионатот во нивна полза и Себастијан Фетел и Ферари треба да направат подвиг еднаков на чудо, за да го сопрат германскиот тим по неговиот пат кон уште една светската титула кај конструкторите и петтата пилотската титула на Хамилтон.

Слични содржини