Следната недела исплата на стипендии и студентски оброк

од Vladimir Zorba

Министерството за образование и наука (МОН) вчера соопшти дека исплатите за ученички стипендии, студентски стипендии во земјата и во странство и субвенциониран студентски оброк ќе се реализираат во текот на следната недела.

„Основ за исплата е усвојувањето на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2023 година и Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2023 година, кои се веќе доставени до комисите на Владата на Република Северна Македонија“, велат од МОН.

Оттаму најавуваат дека програмите ќе бидат усвоени на следната владина седница, по што министерството, како што велат ќе ги подмири сите заостанати финансиски обврски кои учениците и студентите.

Новинската агенција „Мета“ наведе дека стипендии досега, во декември, добиле само дел од студентите и учениците кои го продолжија правото на стипендија, додека оние кои аплицирале на новите конкурси сè уште не ги добиле првите исплати.

Истовремено, тие посочуваат и дека субвенциониран студентски оброк бил исплатен само еднаш, во декември, за месеците септември, октомври и ноември.

Слични содржини