Слевеле роденден со повеќе од 4 лица и објавиле видеа од забавата

од Nikola Popovski

МВР до тамошното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36) и Д.К. (44) од Струмица, поради сомневање дека сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„На 05.01.2021, пријавените во домот на првопријавениот во Струмица,  организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица, при што со таквото дејствие пријавените постапиле спротивно на  Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена“, соопштуваат од МВР.

Од организираната роденденска прослава второпријавениот снимил видео снимки на кои се гледа присуство на повеќе лица што потоа ги објавил на социјалните мрежи.

Обезбедени се и објавените видеа од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини