Случај „Тортура“: За одбраната на Мијалков, БЈБ го водело приведувањето на Бошковски

од Nikola Popovski

Одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков во завршните зборови за случајот „Тортура“ истакна дека доказите потврдиле оти Бирото за јавна безбедност (БЈБ), како дел од МВР, а не Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), било овластено да ја планира, организира и изврши акцијата за лишување од слобода на Љубе Бошковски.

„Тоа значи било невозможно единицата „Алфа” да биде командувана од УБК, нејцините раководни лица или Мијалков. Така е затоа што за сите активности за која била ангажирана било задолжително одборението од началникот на СВР Скопје, Апостол Стојановски. Во текот на истрага јавниот обвинител воопшто не го сослушал Апостолски, за да дознае кој побарал согласност единицата „Алфа” да се употреби при лишување на слобода на Бошковски. Дали тоа е Мијалков или некој друг од УБК, а ако е друг кој е тој, зошто обвинителот не кажа, може само да се претпоставува, рече адвокатот Петар Василев.

Василев посочи и дека сведокот Апостол Стојановски, на предлог на одбраната, кажал дека дал согласност за употреба на единицата „Алфа“ како логистика на БЈБ.

На последното рочиште јавниот обвинителот Љубомир Лапе побара затворски казни за обвинетиот Мијалков и шесте припадници на единицата Алфа, кој се товарат дека во 2011 година на нечовечки и понижувачки начин го приведеле Лубе Бошковски.

Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“ помеѓу кои, Ивица Анчевски, Новица Станковски, Петар Милошевски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани.

Слични содржини