Службата за безбедност на Украина поднесе обвинение против гувернерката на Централната банка на Русија

од Radmila Tasevska

Службата за безбедност на Украина (СБУ) започна обвинение против гувернерката на Централната банка на Русија Елвира Набиулина, објави прес-службата на одделот на Телеграм.

Како што е наведено, тие имаат докази дека Набиулина „учествувала во финансирањето на руската армија и воено-индустрискиот комплекс“, објави Спутник.

„Таа организираше воведување на рубљата во регионите на југот и на истокот на Украина“, се вели во соопштението на СБУ.

Слични содржини