Снег паѓа во Петриња и Глина: Многу луѓе се наоѓаат пред своите куќи во ужасни услови по силниот земјотрес

од Берта Китинска

Утрово паѓа снег во областа Петриња, Глина и околината. Многу луѓе се наоѓаат пред своите куќи во ужасни услови.

Државниот хидрометеоролошки институт за денеска прогнозира снежни врнежи во разурнатото подрачје  Сисак-Мославина.

Очекуваната висина на снежната покривка до крајот на денот е помеѓу пет и 10 сантиметри.

Вчеравечер европскиот медитерански сеизмолошки центар објави  дека е регистриран нов земјотрес чиј епицентар е на околу 14 километри од Сисак, во округот Сисак-Мославина, кој беше силно погоден по земјотресот во Петриња.

Јачината на земјотресот беше 4,5 степени според Рихтеровата скала, и на длабочина од 10 километри.Жителите на Хрватска велат дека го почувствувале земјотресот многу кратко, но дека тој бил доста силен во Сисак. На веб-страницата на ЕМСЦ, тие наведуваат дека тоа траело неколку секунди.

Земјотресот е почуствуван и во БиХ и во Србија.

Слични содржини