Снежна бура го зафати североисточниот дел на САД, откажани голем број летови

од Radmila Tasevska

Североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска го зафати силно снежно невреме, поради што се откажани голем број летови и железнички линии, а училиштата наставата ја изведуваат од далечина.

Повеќе од 12 сантиметри снег се забележани во округот Хартфорд, Конектикат, додека повеќе од 25 сантиметри снег паднале во делови на Пенсилванија, пренесува весникот „Њујорк пост“.

На аеродромот „Ла Гвардија“ во Квинс се откажани повеќе од 40 отсто од полетувањата и 36 отсто од слетувањата на авионите, додека на меѓународниот аеродром „Њуарк Либерти“ во Њу Џерси се откажани повеќе од 20 отсто од полетувањата. Аеродромот „ЏФК“ во Њујорк откажа околу 17 отсто од летовите.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамас ги предупреди граѓаните за можни „ризични услови“ за време на патувањето.

Слични содржини