Снима реклама за познат бренд: Ќерката на Белучи тргна по стапките на својата мајка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Кога станува збор за децата на познатите убавици, ретко кој може да се каже дека успеал да ја постигне славата на нивните славни мајки.

Сепак, по некоја млада дама успева да се истакне во морето на познати лица, а меѓу нив несомнено е и постарата ќерка на Моника Белучи и Винченцо Касел – Дева Касел.

Дева има 18 години, а одамна одлучила дека сака да тргне по стапките на нејзината мајка.

Тинејџерката веќе суверено крстосува по модните писти и позира за насловните страници на познатите списанија, а на Инстаграм ја следат 230 илјади луѓе.

Дева деновиве престојува во Рим каде што снима реклама за познат бренд.

Инаку, Дева во светот на манекенството влезе на 15 години, а досега неколку пати ги красеше насловните страници на најголемите списанија.

Таа се појави и во некои реклами, па не е чудно што ѝ се предвидува светла иднина, можеби дури и пробив во светот на филмот.

Да потсетиме, и Моника ја започна својата кариера како модел, па споредбите со нејзината позната мајка се уште поизразени.

Слични содржини