Снопче: Се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница

од Nikola Popovski

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, на прес-конференција во Гостивар информира дека битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш.

Тој потенцира дека во вчерашниот случај „една Влада со 59 пратеници се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници“.

-Синоќа не потфрли новото мнозинство, а уште помалку опозицијата. Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин, вели Снопче.

 

Слични содржини