Со електричен велосипед удрил во пензионер

од Vladimir Zorba

МВР информира дека синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Македонска војска“ во Скопје, електричен велосипед управуван од Н.М.(26) од Скопје удрил во пешакот Д.К.(75) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини