Со лажна картичка си пазарел и потрошил над 31 илјади денари

од Nikola Popovski

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против A.Т.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка” по член 274-б од Кривичниот законик.

Пријавениот, во текот на март 2022 година, противправно набавил банкарски податоци од вистинска платежна картичка и лични податоци од носителот, по што ги употребил за вршење на 16 неовластени трансакции за купување/плаќање на разни услуги, во вкупна вредност од 31.659 денари.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во тој износ.

Слични содржини