Со месеци кружат гласини дека Анистон има ново момче: Таа сега објави ВИДЕО со него

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Џенифер Анистон ги подгреа гласините за нова романса.

Американските таблоиди веќе некое време пишуваат дека Џенифер и нејзиниот колега Џон Хем се во врска, иако актерот јавно кажа дека е вљубен и во врска со Ана Оскеола.

Во меѓувреме, Анистон за магазинот Allure оваа есен изјави дека сака да се забавува и е отворена за нова љубов по двата развода.

Анистон сега сподели видео на својот Инстаграм профил на кој може да се види како продава протеински производи на една компанија, а Џон стои покрај неа.

Како што пренесува „Дејли Мејл“, различни таблоиди веќе изразиле сомнеж дека Анистон и Хем долго време се во љубовна врска. Но Хем е во долгогодишна врска со Ана Оскеола.

Слични содржини