Со мотор прегазил стадо овци, па завршил во болница

од Nikola Popovski

Тешко повреден мотоциклист по пад откако удрил во овци кои го минувале патот.

На 08.10.2023 во 16.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, клучка за с.Каратманово, мотоцикл „сузуки” со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Д.А.(36) од с.Ерџелија, светиниколско, удрил во овци кои преминувале преку патот и паднал.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Слични содржини