Со овој фустан Тејлор Свифт го покори црвениот тепих

Пејачката Тејлор Свифт е позната по својата љубов кон мачките, а чува дури три. Затоа не било изненадување кога добила улога во филмската верзија на популарниот мјузикл „Мачки“ чија премиера се одржа неодамна во Њујорк.

Пејачката за таа пригода го облече еден од најубавите фустани кои сме имале прилика да го видиме на црвениот тепих и изгледаше волшебно.

View this post on Instagram

can't wait for watch the cats

A post shared by R I N 🇯🇵🦋 (@rinenchanted13) on

Свилениот фустан без прерамки со раскошна кринолина е потпишан од модната куќа Oscar de la Renta. Фустанот е украсен со цветни комбинации, што му дава одважност и модерен изглед, исто како и практичните џебови во кои пејачката ги држеше рацете додека позираше пред фотографите.

https://www.instagram.com/p/B6QGsW-hQA-/

Уште еднашка, Тејлор докажа дека на ваквите свечени случувања секогаш победува гламурот.

Слични содржини