Со овој хороскопски знак е загарантирана ДОБРА ЗАБАВА, но знаат да бидат и грижливи пријатели

од Vladimir Zorba

Комуникативни, духовити и дружељубиви, Близнаците лесно создаваат нови познанства, а кругот на пријатели им е многу широк и разновиден.

Гарантирано ќе се забавувате со нив бидејќи тие секогаш се полни со одлични идеи за состанок. Иако понекогаш ќе ве излудат бидејќи еден момент ќе мислат и ќе сакаат едно, а во следниот момент нешто друго, доколку видат дека сте во неволја, спремно ќе ви дојдат на помош.

Тие се многу грижливи пријатели кои ќе направат се за да извлечат насмевка на вашето лице. Со задоволство ќе разговараат со вас за вашите проблеми и сомнежи, и иако често ќе ве прекинуваат, сериозно ќе го сфатат тоа што ќе им го кажете и ќе ви дадат добар совет. Тие се остроумни, но проблемот е што понекогаш мислат дека знаат сè и дека се попаметни од другите. Ако се впуштите во разговор за некоја тема за која сте подобро информирани, немојте да се чудите ако и покрај фактите што им ги презентирате, тие стојат на својот став.

Од друга страна, можете да им помогнете кога не знаат каква одлука да донесат, бидејќи знаете дека внатре во нив има двајца луѓе кои често се во конфликт. Ако збркаат нешто и предизвикаат караница, тешко дека ќе ја преземат целосната одговорност, дури и тие да се тие што го започнале сето тоа. Попуштете им и кажете им дека и вие сте делумно виновни, така полесно ќе ги средите работите.

Нема да ви биде жал бидејќи по помирувањето ќе ве расположат со својот детски шарм и изрази на наклонетост. Едноставно не можете долго да им се лутите бидејќи и покрај повремените несогласувања, тие се лојални и нема долго да ве остават на цедило.

Ако се подготвувате за состанок, јавете им се да се консултирате што ќе облечете. Имаат добар вкус и уникатен стил. Не ги копирајте, туку слушајте ги нивните модни предлози. На работното место, тие се оние што треба да ги задолжите да комуницираат со клиентите. Истовремено, ќе ви пренесат се што се случува во рамките на компанијата во која работите. Покрај корисни информации, тие се полни и со добри идеи, затоа слушајте кога ќе ви ги претстават.

Слични содржини