Sony Xperia XZ2 може да снима 4K HDR видео

од Vladimir Zorba

Sony официјално го претстави својот нов предводник Xperia ZX2 на прес-конференција во рамките на мобилниот конгрес во Барселона. Според прелиминарните информации смартфонот нуди целосно изменет дизајн со заоблен заден панел и значително редуцирани рамки. Екранот пак е со дијагонала 5,7-инчи, сооднос 18: 9 и резолуција FHD +. Во Xperia ZX2 е користен процесор Snapdragon 845, а од Sony објавија дека уредот е опремен со дополнителни антени, што пак ќе овозможи на модемот да достигне брзини за симнување од над 1 гигабит.

Корисниците исто така ќе добијат 4 GB RAM меморија и 64 GB меморија за апликации. Целосно се потврдија гласините за присуството на S Force стерео звучници и присуството на вибрации кои ќе се во синхронизираат со пуштената музика. Системот за динамички вибрации исто така е активен кога гледате видео и играте игри. Камерата нема изненадувања. Таа повторно е со Motion Eye технологија и може да снима видео во бавно движење, но веќе со full HD резолуција.

Големата новина тука е опцијата за снимање на 4K HDR видео, која во моментов е ексклузивна за ZX2. Батеријата има капацитет од 3180 mAh и поддржува безжично полнење. Секако, уредот исто така има и сертификат IP65 / IP68 за отпорност на вода и прав. Оперативниот систем, се разбира, е Android 8.0 Oreo.

Паметниот телефон нема приклучок за слушалки, но ќе биде вклучен и адаптер кој ќе ви овозможи да полните и да користите слушалки во исто време. Уредот ќе биде достапен во бело, црно, сино и розево во следниот месец. Во Европа се очекува од 6 април по цена од околу 800 евра.

Слични содржини