„Сони“ сака да го зголеми бројот на корисници на милијарда

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонската корпорација „Сони“ планира да го зголеми бројот на корисници на своите услуги или производи од сегашните 160 милиони на милијарда, според стратегијата на компанијата објавена во средата на нејзината официјална веб-страница.

Во документот нема временска рамка за да се постигне оваа цел, но се наведува дека за да се постигне тоа, „Сони“ конкретно планира да развива активности во сегментот игри, музика и видео, како и да ги зајакне своите мобилни и социјални услуги.

Во стратегијата се наведува дека корпорацијата има намера да одвои околу два трилиони јени (18,3 милијарди долари) за стратешки инвестиции во следните три години.

За фискалната година, која заврши на 31 март, компанијата очекува нето добивка од 1,09 трилиони јени (9,1 милијарди долари).

Скоро третина од приходите на „Сони“ во претходната фискална година беа од продажба на видео игри и забава од линијата PlayStation. Продажбата на новата конзола PlayStation 5 (PS5), која започна есента ноември, секако придонесе значително за тоа.

Слични содржини