Сообраќајка кај Мавровка, четворица повредени

од Nikola Popovski

Попладнево се случила сообраќајна незгода кај ТЦ Мавровка, во која учествувале пет возила, сите со скопски таблички. Како последица на верижниот судир, четири лица се повредени.

Повредените се пренесени во ГОБ „Климент Охридски“, но засега не се знае тежината на повредите, потврдија од МВР.

Поради судирот, настанат е вистински сообраќаен хаос и сообраќајот се уште се одвива со отежнато.

Полициските службеници се на терен.

Слични содржини