Сообраќајка меѓу електричен тротинет и автомобил, тешко повреден малолетник

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во попладневните часови на крстосницата од улиците Саса и Јабланица во скопската населба Пинтија, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Б. (47) од Скопје и електричен тротинет „хамачи“ управуван од малолетник од Скопје.

Според информациите, по незгодата малолетникот бил итно пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини