Сопрена потрагата по преживеани од урнатата зграда во Мајами

од Stefanija Kuzmanovska

Спасувачката акција и потрагата по преживеани во урнатините на станбена зграда во Мајами, која се сруши нешто по полноќ на 24 јуни, беше прекината, а властите објавија дека се подготвуваат да го урнат остатокот од зградата, бидејќи се приближува тропската бура Елса.

Градоначалничката на округот Дади во Мајами, Даниела Левин Кафи, потврди дека уривањето на остатоците од 12-катната структура ќе се изврши денес, но таа истакна дека ќе се користи методот на контролирана експлозија, па затоа евакуација на околните згради нема да биде потребна, објави „Ројтерс“.

По уривањето на зградата во Сурфајд, во која загинаа најмалку 24 лица, а 124 сè уште се водат како исчезнати, градоначалникот на Кава побара да се прегледаат сите згради постари од 40 години и да се изврши нова градбена сертификација.

Семејствата на исчезнатите се информирани дека за денес е планирано рушење на остатоците од овој објект, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини