Сопругата на Навални повторно приведена: Објавена снимка на која полицијата ја носи со комбе

од Nikola Popovski

Сопругата на уапсениот руски опозиционер Алексеј Навални, Јулија, повторно беше приведена во Москва откако се појави на митингот со кој се бара ослободување на нејзиниот сопруг. Таа исто така беше приведена минатиот викенд, а по неколку часа беше ослободена.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како неколку полицајци ја приведуваат Јулија Навални во комбе и ја одведуваат додека поддржувачите го извикуваат нејзиното име.

Јулија денес учествувала на еден од бројните протести низ целата земја што се одржуваат за поддршка на уапсениот опозиционер и таа е една од десетиците лица кои беа приведени во главниот град.

Протестот беше организиран и покрај забраната на владата.

Според тврдењата на набљудувачката група ОВД-Инфо, на денешните протести се уапсени над 1.600 лица, а протестите се одржуваат од Москва до далечниот Владивосток.

Слични содржини