Сопругата на Том Хенкс изненади со видео откако е пуштена од болница

Рита Вилсон и Том Хенкс се пуштени од болница, но се уште се во самоизолација, а Рита сега се огласи на Инстаграм и тоа со песна.

Сопругата на Том Хенкс објави видео на кое ја пее својата песна Broken Man заедно со двајца музичари.

„Луѓето не се совршени, мораш да ги сакаш со мааните и останатите работи“, порачала таа покрај видеото.

Засега не е познато каде настанала снимката, но британскиот Daily Mail пишува дека најверојатно е снимена во гаражата во куќата во Австралија каде парот моментално е во карантин.

„Се уште се во самоизолација, но се чувствуваат подобро па ни е полесно“, открил нивниот син Чет.

Слични содржини