Сопственикот на агенцијата БГНЕС: Лажни профили по социјалните медиуми во Скопје водат антибугарска пропаганда

од Nikola Popovski

„Република С. Македонија е единствената земја која толерира роботски (лажни) профили по социјалните медиуми. Оваа методологија беше користена за време на режимот на поранешниот премиер Никола Груевски“, изјавил бугарскиот новинар и сопственик на новинарската агенција, БГНЕС, Љупчо Нешков, за „Bgonair“.

Според него, близок роднина на Груевски креирал групи со украдени телефонски броеви на вистински корисници на мобилен оператор, и ги регистрирал со алгоритам за клучен збор – Бугарија, Захариева итн, кои автоматски почнуваат да генерираат коментари од видот: Татари, разбојници, фашисти.

„Ова не треба да се толерира, туку да се пријави Владата во Скопје во седиштето на Фејсбук и Твитер, бидејќи социјалните мрежи имаат политика на нулта толеранција за говорот на омраза. Знаете дека тие за кратко го блокираа профилот на американскиот претседател, вклучително и други политичари, кои се од повисок ешалон“, додал тој.

Слични содржини