Соработката на Netflix и Вил Смит оценета како „најлош филм на годината“

од desk2

Во последните неколку месеци многу се збореше за првиот високобуџетен филм на Netflix, во кој главната улога ја има Вил Смит, но критичарите беа сурови према филмот и ретко кој имаше пофален збор за него.

Филмот го чинеше Netflix 90 милиони долари, а режисер беше Дејвид Ејр, кој е познат по неговите филмови „End of Watch“, „Fury“ и „Suicide Squad“.

Netflix досега беше дом на многу хитови, и публиката ги знаеше како единствената филмска и ТВ компанија која немаше промашување, било да е тоа филм или серија. Но, како и за секое големо филмско студио или телевизиска куќа, мораше да се случи некогаш да промашат.

Новиот филм „Bright“, во кој главната улога ја толкува Вил Смит, за кој студиото потроши 90 милиони долари, беше првиот ваков случај кај Netflix.

За него, критичарите не штедеа лоши зборови, и го осудуваа не само филмот како производ, туку и неговото потенцијално влијание на филмската индустрија.

„’Bright’ не само што е најлошиот филм за 2017 година, туку би можел дури да биде одговорен за некои од најлошите филмови во 2018 и понатаму“, напиша еден од професионалните критичари на Rotten Tomatoes.

Слични содржини