Судот донесе одлука: Алек Болдвин сепак оди во затвор?

од Vladimir Zorba

Иако се чинеше дека Алек Болдвин ќе избегне пресуда за убиство од небрежност, судот одлучи дека актерот сепак ќе мора да оди на ново судење – и тоа за неколку недели.

На Болдвин ќе му се суди за убиство на камерманката Халинa Хачинс, која ја застрела со пиштол за време на снимање, мислејќи дека пука so лажни куршуми.

Меѓутоа, пиштолот бил наполнет со вистинска муниција и во 2021 година на снимањето на филмот „Рѓа“ смртно ja рани 42-годишната снимателка. Дедлајн известува дека на 9 јули ќе му се суди за убиство од небрежност, а пресудата се очекува за две недели.

Обвиненијата против актерот претходно беа отфрлени, но сега му се заканува затворска казна, која моментално ја издржува дизајнерката за реквизити на филмот, Хана Гутиерез-Рид, која неодамна беше осудена на максимална затворска казна од 18 месеци за убиство од небрежност.

Да се ​​потсетиме дека убиството на Хачинс ги поттикна американските филмски и телевизиски продукции да престанат да користат вистинско огнено оружје и муниција. Но, две и пол години подоцна, многумина повторно ги користат поради пореалните ефекти што ги произведуваат…

Слични содржини