Сораја откри колку телохранители има

од desk3

 

– Тој човек што го запали мојот автомобил кој го возев очигледно не може да расчисти само со себе дали ме мрази или ме сака, дали сака да бидам негова или не. Но можби сепак сака да ме убие бидејќи е несреќно заљубен во мене. Очигледно не може да свати дека сум зафатена – изјави Сораја во емисијата  “Eксклузивно” и додаде дека многу не се потресла поради целата ситуација.

 

-Го преживеав и овој шок и не можам да се фолирам дека сега јас сум многу оштетена бидејќи автомобилот кој го возев не е во моја сопственост. Колата и припаѓа на мојот другар, односно на дечкото на мојата другарка. Мене материјално не можат да ме оштетат.

Но физички се чувам. Имам четири телохранители и тие се грижат за мојата безбедност. Јас не сум плашлива, но што се мора се мора.

Знам дека на никого ништо не сум му згрешила, не му посакувам на никого зло, колку што на мене ми посакуваат зло – заклучи Сораја.

 

Слични содржини