Состанокот за договорот за жито ќе се одржи на 10 и 11 мај во Истанбул

од Vladimir Zorba

Состанок на високо ниво за договорот за жито ќе се одржи во Истанбул од 10 до 11 мај, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.

„Да, утре и задутре имаме средба на високо ниво во четирипартиски формат во Истанбул“, изјави тој за новинарите, пренесе РИА Новости.

Москва претходно соопшти дека нема да го продолжи договорот по 18 мај, кога истекува, освен ако не се отстранат пречките за рускиот извоз на жито и ѓубрива, објави Ројтерс.

Слични содржини