Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

од Aleksandar Petrovski

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 175.438 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 6.714, а оздравени се 77.867.

Велика Британија – Бројот на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 1.543. Вчера имаше 1,372. Починати се 35.

Холандија – Зголемен бројот на заразени за 278 – сега се 1.413. Борјот на жртви зголемен за четири од вчера, вкупно 24.

Финска – Вкупниот број на заразени е 272 од кои 31 случаи се во изминатите 24 часа. Владата планира денеска да објави затворање на училиштата. Првиот случај беше регистриран во јануари.

Турција – МВР објави времена забрана за работа на кафеаните, кината, спортските сали и базени од денеска на полноќ. Турските власти евакуираат од Германија неколку илјади свои граѓани.

Русија – Бројот на заразени е 93, 15.000 се под медицинско набљудување.

Унгарија – Забранет е влез во државата за сите странци.

Африка – Сомалија и Танзанија соопштија за први случаи на заразени. Во Конго исто така е регистриран прв случај на заразен – маж кој на 1 март пристигнал со лет од Париз. Прв случај и во Екваторијална Гвинеја – жена која се вратила од Мадрид пред една недела. Први случаи има и во Либерија и Бенин. Египет запира воздушен сообраќај до 31 март. Вчера таму беа затворени училиштата и универзитетите. Бројот на заразени е 150.

Слични содржини