Сотирова – Бухова: Инспекторите се на терен, нема простор за опуштање

од Берта Китинска

Сѐ уште не сакам и не можам да кажам дека имаме терен за опуштање, затоа што не знаеме што понатака може да не очекува со состојбата со вирусот, изјави во Утрински брифинг Д-р Ирина Сотирова – Бухова.

-Работиме исклучиво на вонредни инспекциски надзори. Направени се околу 4.000 вонредни инспекциски надзори. Од наша страна издадени се 13.000 решенија за возачи шпедитери кои беа потребни во првиот момент кога настана пандемијата и кога се наметнаа првите мерки на рестрикција. Издадени се над 160.000 решенија на лица позитивни на ковид-19 и лица – контакти. Значи работата е зголемена во однос на работата од претходните години, вели Бухова.

Слични содржини