Советот на ЕУ го одобри договорот на Северна Македонија со Фронтекс

од Vladimir Zorba

Советот на Европската унија денеска и даде „зелено светло“ на Северна Македонија да склучи договор со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) за заеднички операции и распоредување тимови за управување со границите на земјава.

Договорот вклучува и одредби за следење на усогласеноста и заштита на основните права.

Договорот со Северна Македонија беше потпишан на 26 октомври 2022 година, а откако беше одобрен од Советот на ЕУ, ќе стапи на сила на 1 април.

Слични содржини