Спахиу: Ниту Србија, ниту Албанија не го сакаат Косово, тие се заинтересирани само да го „молзат“

од Milan1

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу денеска изјави дека ниту Србија ниту Албанија немаат претензии за обединување со Косово.

„Косово ќе постои во наредните 100 години, бидејќи никој не е заинтересиран да го преземе, ниту Албанија, ниту Србија. Тие се заинтересирани да го „молзат“, да го задржат такво каков што е, но не се заинтересирани да ја окупираат таа територија“, изјави Спахиу за порталот Косово-онлајн.

Спахиу ја опиша неодамнешната изјава на косовскиот премиер Албин Курти „дека би гласал за обединување со Албанија“ како непријателски чин кон Косово.

Тој објаснува дека национално предавство е кога некој што е на чело на државата се обидува таа држава да ја снема.
„Во која било земја ваквата изјава би послужила како обвинение за национално предавство, а обвинителот веднаш би покренал случај против него. Да се биде на чело на една држава и да се обидуваш да ја снема е непријателски чин против таа држава, секоја инсинуација во таа насока значи национално предавство“, рече Спахиу.

Слични содржини