Спасен киднапираниот британски милионер, познато во каква состојба е пронајден

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата го спаси бизнисменот милионер и британски почесен конзул Колин Армстронг (78), кој беше киднапиран во Еквадор.

Богатиот бизнисмен Колин Армстронг (78) беше киднапиран во саботата заедно со неговата партнерка Кетрин Паола Сантос.

Сепак, полицијата денеска соопшти дека Колин бил спасен и дека е „безбеден и во добра состојба“.

Во рацијата биле уапсени девет лица.

Полицијата вчера соопшти дека била спасена и неговата девојка.

Да потсетиме, богатиот бизнисмен, наводно, бил киднапиран од 15 маскирани лица во полицајци, пред да биде одведен со неговото црно БМВ кое подоцна било пронајдено напуштено покрај патот.

Слични содржини