Спасовски: Гарантирана е безбедноста на Мијалков, а каде ќе ја издржува казната ќе одлучи судијата за санкции

Денес директорот на Управата за извршување санкции посочи дека притворениот, Сашо Мијалков се наоѓа во истражниот затвор во Скопје до правосилноста на пресудата, а каде подоцна ќе ја издржува казната ќе биде во зависност од одлуката на судијата за извршување на санкции.

Спасовски посочи дека апсолутно во овој момент може да се гарантира безбедноста, како на Мијалков, така и на сите осудени лица.

„Изготвен е безбедносен план конкретно за притворениот Сашо Мијалков, за негово движење, конкретно за шетањето и се запазени сите безбедносни протоколи и стандардни оперативни процедури за да не дојде до каков било инциден,посочи Спасовски, во рамки на попишувањето во казнено-поправната установа К’шање каде присуствуваше со министерот за правда Бојан Маричиќ и со директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Директор на Управата за извршување санкции, Спасовски информира дека во овој момент нема позитивни лица на Ковид – 19 во ниту еден затвор, ниту пак има суспектни на коронавирус.

Слични содржини