Спасовски: Нека расте црквата господова, како што расте пламенот на божјата љубов

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски упати срдечни честитки до македонските граѓани, за силната вера, смирението и заложбата за заедништво по повод признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ на денешната заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје.

-Нека расте црквата Господова, ко што расте пламенот на Божјата љубов меѓу браќата и сестрите по Христа. Кога браќата се сакаат, се радуваат и Небото и Земјата. Впрочем, како што рече и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г.Стефан, и Кирил и Методиј по духот ни припаѓаат на сите, порача Спасовски.

Министерот исто така упати благодарност за мудроста на Неговата Сесветост Патријархот Вселенски г.г. Вартоломеј, за укажаното братољубие од српскиот Патријарх Порфириј, како и до сите браќа и сестри од православната екумена, и секако огромна благодарност и признание до МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, и митрополитите коишто неуморно дејствуваа да се оствари овој сон на сеопшта радост на верниот македонски народ.

Слични содржини