Спасовски: Полицијата во Куманово трага по сопственикот на кучето кое нападна осум лица

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата во Куманово работи на случајот за откривање на сопственикот на кучето кое нападна осум лица, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој порача дека надлежните органи, пред сè локалната самоуправа, треба да преземат опсежни мерки за решавање на проблемот со кучињата скитници.

„Кучињата скитници се сериозен проблем и тука мора да се преземат опсежни мерки од страна на надлежните органи пред сè од локалната самоуправа и не смее да се остави да не се преземаат мерки и на тој начин да се доведеме во ризик“, рече Спасовски.

Животните, дополни тој, треба да се заштитат од убиства и малтретирање, но и граѓаните треба да бидат заштитени од напад на кучиња скитници.

Слични содржини