Спасовски позитивен на корона

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски информираше дека е заразен со коронавирус.

„И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“, сподели вечерва Спасовски.

Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, регистрирани се 247 нови случаи на КОВИД-19, оздравеле 321 пациент, а починале 15 лица, сите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27 199, бројката на оздравени пациенти е 18 948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317

Слични содржини