Спасовски: САЕ „Тигар” претставува вистинска гордост не само на МВР, туку и на Македонија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Со тактичко показна вежба, доделување признанија и благодарници и низа свечености денеска во касарната „Илинден” се одбележа 41-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”.

Министерот за внатрешни рабори, Оливер Спасовски, порача дека претставува чест да се одбележи годишнината од формирањето на најреномирана полициска формација во рамки на МВР.

– На прагот од петтата деценија САЕ „Тигар” од аспект на професионалност и стручност на нејзините пропадници претставува вистинска гордост не само на МВР, туку генерално на Македонија, и на тоа сум длабоко убеден, изјави Спасовски.

Единицата „Тигар”, нагласи Спасовски е неизоставен сегмент од оперативните акции на МВР, и тие се секогаш подготвени за најтешките мисии и без нив речиси не може да помине некоја поголема полициска акција за сузбивање на криумчарење на дрога и криумчарање мигранти. Заедно со останатите единици, тие биле дел од бројни активности, во кои се запленети седум тони хероин во вредност од околу 300 милиони евра, 1,2 тони психотропни супстанци во вредност од 200 милиони евра и над два тони марихуана со вредност од 4,5 милиони евра.

Слични содржини