Спасовски: Уапсени се две лица во случајот „Јавна соба“, трагаме по останатите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, попладнево се огласи и истакна дека МВР влегло во трага, по што се уапсени две лица во врска со случајот „Јавна Соба“.

„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.“, напиша Спасовски на својот профил на „Фејсбук“.
Инаку, претходно премиерот Зоран Заев објави дека е побарано од „Телеграм“ бришење на групата, или во спротивно, ќе следува блокирање на апликацијата на територијата на земјава.

Слични содржини