Спасовски: Во Вевчани немаше ништо спектакуларно, од политички причини некој сакаше да предизвика инцидент

од Nikola Popovski

Коментирајќи ја полициската интервенција на Вевчанскиот карневал, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес изјави дека ништо спектакуларно не се случило во Вевчани.

„Ние разговаравме со Одделот за превенција кај нас да не се организира масовно присуство. Тие наши заложби и договори не беа испочитувани. Како и да е, таму се случи една состојба во која што од политички причини некој сакаше да предизвика инцидент или сензација во јавноста“, рече Спасовски за утринската програма на МТВ.

Министерот вели дека МВР постапува секаде со цел да се контролира спроведувањето на мерките за заштита од Ковид-19.

Веднаш по интервенцијата на полицијата, од СВР Охрид пристигна соопштение во кое се вели дека покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, поголема група на граѓани се собрале во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата. Од таму воедно порачаа дека по документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци.

На карневалот беше запалено и бугарското знаме, како револт за бугарското вето за преговорите на Македонија со Европската унија, на што остро реагираше официјална Софија, а македонскиот претседател Стево Пендаровски го осуди чинот на палење.

 

 

 

Слични содржини